Владата донесе одлука: Овие граѓани добиваат финансиска поддршка од 12.000 денари
Владата на денешната седница одлучи да ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливата група по 1000 денари
за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци информираше портпаролката Марија Митева.
„Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се
предвидени со оваа програма да се стекнат со финансиска поддршка и тоа намалување на месечна сметка за потрошена електрична енергија од 1.000 денари во времетраење од 12 месеци“, рече Митева.