Започнаа врнежите од снег во Македонија – ЕВЕ КАДЕ

Вечерва се огласи Славчо Попоски:

Вечерва повеќе облачност имаме во западната половина од нашата Македонија, а особено на планините има провејување на снег,

додека на пониските места врне локален слаб дожд, кој понатаму во дел од градовите во овие предели ќе биде во вид на слаб снег.

Врнежите и утре (среда 12 февруари) ќе ги имаме особено во западните и во југозападните предели и ќе бидат со слаб до умерен интензитет и претежно од снег.

Само во дел од градовите тие ќе бидат во вид на дожд и на снег. Снежната покривка на планинските места и на Скијачките центри ќе се зголеми.

На табелата можете да ги погледнете температурите измерени по градови и места низ Македонија, и тоа вечерва до 19 часот, на мерните станици на УХМР. Снежната покривка на Скијачките центри изнесува 31 сантиметер на Попова Шапка и 13 сантиметри во Маврово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде