Францускиот ракомет е завиен во црно, бидејќи почина младата голманка Жемима Кабеја.
Станува збор за 21-годишна ракометарка на План де Кук која беше младинска репрезентативка во повеќе генерации.
Во Франција во Кабеја гледаа како една од најталентираните голманки во својата генерација.
Информациите за смртта се раширија бргу, а засега нема официјална причина. Се знае само дека Кабеја во неделата била итно хоспитализирана.
Младата Кабеја беше член на План де Кук од 2022 година.
