Студен бран ја зафаќа Македонија – снег и пад на температурите, ЕВЕ КОГА

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 8 степени.

Во Скопје утрото студено, во текот на денот умерено до значително облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег.

Во петок ќе засилува југоисточен ветер.

Како што информира денеска УХМР, во новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2 степена, а максималната од 0 до 8 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде