Каква мајсторија: На Елмас му беа потребни три минути да го постигне првиот погодок за Торино

Елиф Елмас го постигна својот деби гол во дрсот на Торино, Македонецот вечерва против Болоња ја затресе мрежата само три минути по влегувањето во игра.

На Елиф Елмас не му требаше многу за да се запише во листата на стрелци по враќањето во Серија А.

Вечерва Македонецот влезе во игра против Болоња во второто полувреме и по само три минути игра ја затресе мрежата.

Една одбиена топка стигна до Елиф Елмас, кој одлично се снајде, му ја протна низ нозе на противникот и потоа ја префрли преку голманот за 1-2 во 65. минута од мечот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде