Телевизија Телма се прости од Кичо
По кратко боледување почина нашиот колега, Крунослав Трајков.
Еден од првите монтажери во телевизија Телма, кој повеќе од 25 години со својот труд се вгради во развојот на нашиот медиум, монтирајќи ги сите вести, емисии, репортажи и други содржини, објави телевизија Телма.
Крунослав Трајков, кој за сите нас беше Кичо, ќе биде погребан утре во 12 часот на гробиштата Камник, во Скопје, а претходно, во 11 часот опело ќе се одржи во црквата Свети Спас, во Маџари.
Тв Телма изразува најдлабоко сочувство до семејството и блиските на Крунослав Трајков.
