Страотна сообраќајна несреќа: Се преврте „тико“ – три лица итно пренесени во болница

Возач и две сопатнички се тепко повредени откако со возило излетале од пат во село во Македонска Каменица. 

– На 13.02.2025 во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во село Моштица, општина Македонска Каменица,

движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од село Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип, соопштија од полицијата. 

За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде