Македонскиот фудбал остана без уште едена легенда, откако на 73-годишна возраст почина Стеве Грнчаров, некогашниот истакнат фудбалер и легендарно лево крило на фудбалскиот клуб Тетекс.
Грнчаров ги бранеше боите на Тетекс во текот на една деценија, од 1974 до 1984 година, оставајќи неизбришлива трага во историјата на тетовскиот фудбал.
Роден во 1952 година во Струмица, тој беше пример за посветеност, професионализам и љубов кон фудбалот.
Неговото заминување е голема загуба за македонскиот фудбал.
Грнчаров своите фудбалски почетоци ги имаше во Беласица за која настапуваше од 1968 година.