Водата носи се пред себе: Страшно невреме во соседството
Според грчките медиуми, поради поројниот дожд на Кефалонија се поплавиле делови од островот, било предизвикано лизгање на земјиштето, но и штети на патната инфраструктура.
Од бројот 112 за итни случаи денеска беше испратена порака до сите оние што се на островот
поради „интензивните временски појави, врнежи од дожд, да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата на властите“.
Порака од 112 добија и жителите на Закинтос со предупредување за невреме од денеска во следните 24 часа и исто како и за оние на Кефалонија, апелот е да ги ограничат движењата.