Македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа во Албанија, едно лице загина

Македонски државјанин бил учесник во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Албанија, во близина на граничниот премин Ќафасан, нешто по полноќ.

Според албанските медиуми, несреќата се случила на патниот правец Прењас-Либражд, кај местото Пишкаш, околу 00:10 часот.

Во судирот учествувале патничко возило „Мерцедес“ и камион со скопски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин.

Како последица на несреќата, животот го загубила сопатничката од автомобилот, а возачот, 34-годишниот Зеф Синани, е тешко повреден.

Тој бил пренесен во болницата во Либражд, а подоцна транспортиран во регионалната болница во Елбасан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде