Страотна сообраќајка, тешко повредено 27-годишно момче
Во тешка сообраќајна несреќа тешко повредено е 27-годишно момче, соопштија од полицијата.
„На 14.02.2025 околу 13.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце-исклучок за с.Долно Коњаре,
мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Н.М.(27) од Куманово, излетал надвор од коловозот“, објави МВР.
Пренесен е во болница, а на местото на несреќата извршен бил увид.
