Денеска нè очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди.
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла, а кон крајот на денот се очекува локална појава за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 12 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од миниманлни 2 до максимални 11 степени.
Облачното време ќе се задржи и утре, од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево, со ниски утрински температури.
