УХМР со најнова временска прогноза

Од УХРМ известуваат дека од утре уште од наутро во планинските региони особено на север и исток ќе има појава на повремен дожд, а на планините од слаб снег.

Преку денот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони.

Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Дневните температури ќе бидат за 3 до 5 степени пониски.

Во Скопје утре променливо облачно со услови за слаб повремен дожд, на повисоко со услови за слаб снег и со слаб до умерен северен ветер кој ќе засилува.

Од овие врнежи постојната снежна покривка ќе се прошири на северозапад и потоа и на исток и тоа понекаде и на повисоките места.

Во деновите потоа ќе преовладува сончево време, со ниски утрински температури.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде