Два силни земјотреси го стресоа Балканот

Два сеизмички потреси со јачина од 4,5 и 4,2 степени според Рихтеровата скала се регистрирани на подрачјето меѓу островите Аморгос и Санторини во Грција, соопшти денеска Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.

Како што е соопштено, во 1.08 часот по полноќ, земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 23 километри југо-југозападно од островот Аморгос.

Малку порано, синоќа во 22.55 часот истото подрачје го погоди земјотрес со јачина од 4,2 степени.

И двата земјотреси Институтот ги окарактеризира како „слаби“.

„Катимерини“ потсетува дека од 26 јануари трае серија земјотреси во оваа област и дека оттогаш се забележани повеќе од 16.900 земјотреси посилни од еден степен според Рихтеровата скала.

На неколку острови во регионот е воведена вонредна состојба која ќе трае до 14 март.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде