Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната, имал четири скршени ребра

Осуденикот  за 27 април Горан Ангелов-Ќосето доби прекин на казната од два месеци поради сериозни здравствени проблеми.

Откако претходно судот го одби неговото барање, тој беше вратен во затвор со скршени ребра, што предизвика силен притисок од јавноста. Адвокатот на Ангелов, Драган Пешевски, објави дека му се скршени четири ребра, од кои едното со дислокација.

„Притисокот од јавноста се исплатеше. На Горан Ангелов-Ќосето му е дозволен прекин на издржувањето на затворската казна во траење од два месеци за кои можеби ке побараме продолжување со оглед на тоа дека излезе дека му се скршени 4 ребра (не три) од кој едното со дислокација.

Криво ми е што и во ваква ситуација се во државава мора да иде на сила и некој да биде јавно објавен за да постапи!!! Фала ви на сите за споделувањето, значително помогнавте!!!“ напиша на Фејсбук Драган Пешевски, адволат на Горан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде