Професор Трајковски: Власта започна да забегува исто како и претходната – еве и зошто

Професорот Дејан Трајковски на својот фејсбук профил објава статус во кој вели:

Власта, која започна да забегува исто како и претходната, се спрема да постави партиски војник за директор на Македонска филхармонија. Колективот, сосема правилно, реагира на ваквиот безумен чекор, што за жал досега многупати безгласно поминал во разни други институции – вкупно околу 1.300 на број.

Упорно не сакаат да применат мерит-систем, конкурс, бодување и стручна комисија за избор. Како е можно најдобриот кандидат секогаш да се погоди да биде од партија, па уште од владеачката коалиција и тоа без никаква проверка на способноста?

Ова е школски пример за расипаност на системот, односно по латински – корупција. Ова не смеат да и го прават на државата.

Да видиме дали студентите, нивните родители и професорите, по примерот на Србија ќе го кренат гласот и ќе се упатат за Скопје.

Ако тргнат, нека не ме забораваат. Доаѓам и јас, пеш или со точак. Ова силување на институциите и државата никаде не води и повеќе не се трпи.

На сликата: собирот во Крагујевац каде студенти од разни краишта на Србија дошле пешки за да и порачаат на власта дека сакаат да живеат во нормално меритократско, а не партократско и какистократско општество. Ваква верба и желба за правда ретко се гледа. Без Сорос, без УСАИД, без „странски служби“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде