Заглавени возила и километарски колони, евидентирани повеќе сообраќајки: Снегот предизвика хаос на патиштата во Србија

Снегот во делови од Србија предизвика хаос на патиштата. Сообраќајот се одвива отежнато, а во текот на ноќта и претпладнето се евидентирани повеќе сообраќајни несреќи.

Најкритична е состојбата во моментов во Полимската Котлина и во Нова Варош, каде поради преостанатиот снег на коловозот, сообраќајот на оваа делница се одвива многу отежнато и  многу бавно, а во моментов се формираат километарски редици.

Според Јавното претпријатие „Патишта Србија“, поради неповолните временски услови, сообраќајот за товарни возила на таа делница од патот е во прекин.

Поради врнежи од снег и лизгави површини, МВР апелира до сите возачи да возат со посебна грижа и да ги почитуваат правилата.

Од ЈП „Патишта Србија“ известуваат дека поради снег сообраќајот се одвива отежнато и на патниот правец Бистрица – Борова Глава.

„Поради неповолни временски услови, во сила е прекин на сообраќајот за товарните возила. Ги советуваме сите учесници во сообраќајот, заради сопствена безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните прописи и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот“, се вели во соопштението на Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде