Фотографии кои го обиколија регионот: Ова се девојките Сара и Марија кои загинаа во страотна несреќа кај Бјелина
Во страшна несреќа загинаа средношколки од Бјелина, додека четири лица се повредени.
Страшната сообраќајка се случила на патот Бјелина – Велика Обарска, кога автомобил се судрил со камион.
Сара Перковиќ (19) и Марија Вилотиќ (19), како што пренесува Блиц.рс, починале, додека Ана Голе е пренесена во Ургентниот центар во Белград, каде лекарите се борат за нејзиниот живот.
Во несреќата наводно учествувале автомобил „форд“ управуван од Т.С., во кој сопатничка била Ана Голе и починатите девојчиња Марија Вилотиќ и Сара Перковиќ и камион „пежо“ управуван од Ц.Т. во кој бил присутен и сопатникот М.Т.