Во местото Петка во близина на српскиот град Лазаревац, повеќе работници биле затрупани од земја додека копале канал за централно греење. Досега четворица работници се извлечени, јавуваат медиумите,
Сè уште не е познато колку луѓе се затрупани откако претходно беше објавено дека три лица биле затрупани објавија српските медиуми.
Спасувачката операција сè уште е во тек.
На местото има неколку противпожарни возила.
Луѓето извадени од под земја биле транспортирани до Воено-медицинската академија, а засега не се познати деталите од нивната здравствена состојба.