„Умирам, простете ми…“ Тоа беа последните зборови на убавицата од Сирија. Познатата актерка и поранешна кралица на убавината, која беше бремена, не успеаа да ја надмине тешката вирусна инфекција.
Тажна вест го потресе азискиот континент – сириската актерка Анџи Морад почина на 33-годишна возраст по исцрпувачка битка со сериозни здравствени проблеми. За трагедијата да биде уште поголема, поранешната убавица била бремена.
Според локалните медиуми, смртта настапила поради компликации од вирусна инфекција. Кон крајот на јануари беше префрлена на интензивна нега, но, за жал, немаше начин да се спаси. Нејзината мајка на Фејсбук ја извести јавноста дека големата телевизиска ѕвезда ѝ подлегнала на болеста: „Господ да те помилува, ќерко моја…“.
Анџи ја испрати својата последна порака на 25 јануари. Зборовите беа вознемирувачки:
„Умирам, простете ми“.
Поранешната убавица, која зад себе остави ќерка и сопруг, е родена во 1992 година во главниот град на Сирија, Дамаск. Дипломирала на Институтот за драмски уметности. Почнала да глуми, нејзината најголема љубов, уште како тинејџерка. Ниту победата на натпреварот за Мис Азија 2017 не успеа да ја одврати од тој пат.