Како што посочуваат од компанијата Стокомак, првата фаза на проширување предвидува отворање на дисконти во Пирот, Ниш (кај Ново Село), Параќин, Лесковац и Панчево, а дека компанијата е во финални преговори за уште неколку локации.
Компанијата на својата Фејсбук страница објави дека бара кандидати за три позиции на три локации.
Првата позиција која се бара е касиерка за локациите Пирот, Ниш (Ново Село) и Лесковац. Платата за без искуство би била 65.000 динари, додека со искуство 70.000 динари.
Во огласот стои дека е загарантирана 13 месечна плата како и бонус за напредок и учинок на работа. Исто така, има празнични (верски) бонуси како и нешто што тие го нарекуваат „козметички летен сет“.
Истите поволности ги има и заменикот шефот на маркетот, но малку повисока плата. За оваа позиција се нуди плата од 80.000 динари.