Две лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи нешто по полноќ во општина Драганиќ, недалеку од Карловац.
„Во 00.20 часот во градот Мрзљаки во месноста Драганиќи излетал автомобил, при што загинале две лица“, потврдија од полициската управа Карловац.
Како што дознава Јутарњи лист, лицата кои ги загубиле животите биле млади.
Неофицијално се работи за младо момче и девојка.
Сите околности на оваа трагедија ќе ги утврди полициската истрага која е во тек.
Фото: Архива