Ужасна вест: Прегазен 17-годишен пешак на скопски булевар

И покрај зголемените полициски контроли продолжува да се вози брзо и да се случуваат сообраќајни несреќи, а вчера беше прегазен пешак.

Во текот на вчерашник ден настрада малолетник.

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, 61-годишен возач на „фолксваген голф“ прегазил 17-годишен пешак од селото Страчинци.

Несреќата се случила вчера во 15:10 часот, а пешакот се здобил со тешки повреди, потврдени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Полицијата извршила увид на местото на настанот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде