На 64 годишна возраст почина битолчанецот Љупчо Василевски, познат претпримач и правник од Битола, објави Бабам Битола.
Повозрасните Битолчани го паметат Љупчо како сопственик на ланец маркети Интернационал и уште неколку други компании кој во времето на
транзицијата одигра голема улога за напредок на трговскиот и културен развој на Битола со разни донации и несебична подршка на неговиот град.
Последните годни од неговата кариера Љупчо ја помина во Сојузот на Синдикати на Македонија каде несебично ги застапуваше и му помагаше на сите работници од регионот, а канцеларијата му се наоѓаше во срцето на Широк Сокак.
Вечна му слава.
