Ужасна вест вечерва го потресе светот: Експлодираа три автобуси, сомнежите се дека се работи за терористички напад

Израелската полиција истражува повеќекратни експлозии што се случија во три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив.

Според првичните информации се сомничи терористички напад.

Инцидентот се случил вечерва, а експлозии биле пријавени на различни паркинзи низ градот.

Засега нема информации за повредени, а автобусите биле празни.

На местото на настанот се распоредени силни полициски сили, а потрагата по осомничените е во тек, јавуваат израелските медиуми.

Полицијата го пребарува теренот за дополнителни сомнителни предмети.

На возачите на автобуси долж Израел им беше наредено да ги запрат своите линии и да ги прегледаат возилата за сомнителни предмети.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде