ВОНРЕДНО: Доцна синоќа голем пожар во зграда во Скопје, има повеќе повредени

Голем пожар изби доцна по полноќ во зграда во Кисела Вода, наспроти општината, при што има и четворица повредени – двајца станари и по еден полицаец и пожарникар.

Како што информира градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, еден стан е целосно изгорен, а неколкуте зафатени ги оставиле станарите синоќа под ведро небо.

-Веднаш со мојот тим се упативме на местото на настанот. Жителите на оваа зграда се евакуирани и во моментов се во мојот кабинет, на безбедно и топло и тука ќе останеме заедно.

Заеднички ќе најдеме решение за сѐ ова, мојот народ не го оставам на милост и немилост, објави утрово градоначалникот.

Ѓорѓиевски им се заблагодари на екипите на Противпожарната бригада од Скопје и МВР.

Надлежните служби во текот на денот ќе извршат увид за да ги утврдат причините за избувнувањето на пожарот, како и за проценка на материјалната штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде