КАМЕН ЛАДНО: Погледнете колку е измерена температурата утрово во овој македонски град

Утрово е најстудено во Берово, -14 степени, а најмногу снег има на Попова Шапка, 32 сантиметра.

Како што информира УХМР, до 8:30 часот се измерени -11 во Маврови Анови и на Попова Шапка, -10 во Крива Паланка и Демир Капија, -9 во Скопје-Петровец, Битола, Штип и Струмица, -8 во Скопје-Зајчев Рид,

Тетово, Куманово, Велес и Крушево, -7 во Прилеп, Виница, Кавадарци и Гевгелија, како -5 во Охрид и Претор.

Снежната покривка во Маврово е 8 сантиметри.

И денеска утрото е ведро и многу студено. Преку ден ќе биде сончево со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде од 2 до 10 степени.

Во Скопје наутро студено, преку ден сончево со слаб северен ветер и температура до 9 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде