Трагедија на македонските патишта: На возач му се слошило додека возел и починал

Трагедија на македонските патишта: На возач му се слошило додека возел и починал

Возач од Скопје почина откако му се слошило додека управувал со своето возило во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска околу 16 часот, кога на возачот му се слошило, по што возилото застанало во близина на споменикот на „Скендер Бег“.

На местото на настанот се присутни увидни екипи од Министерството за внатрешни работи и Итната медицинска помош,

кои работат на утврдување на околностите на трагичниот случај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде