Уапсен познатиот актер

Актерот од некогаш популарната серија „Грдата Бети“, Ерик Мабиус, беше уапсен вчера на Флорида поради напад.

Ерик (53) беше приведен нешто пред 6 часот наутро и се соочува со две прекршочни обвиненија – напад и давање отпор на полицаец без употреба на насилство, според ТМЗ.

Шокантната фотографија од притворот го прикажува актерот со збунет израз на лицето, со видлива исекотина до десното око.

Мабиус е најпознат по улогата на модниот уредник Даниел Мид во серијата „Грдата Бети“.

Серијата се емитуваше од 2006 до 2010 година, потсети „Дејли Мејл“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде