Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево.
Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.
Во Скопје, наутро студено, преку денот сончево со слаб северозападен ветер.
Времето во наредните денови: Во сабота наутро студено, а преку денот ќе се задржи претежно сончево време.
Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините, а од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд.
