Чичко Славе е човекот чие тело утрово беше пронајдено при ископ

Штипјанецот Славе Димитриевски, по кого се трагаше од 14-ти август лани, е лицето чие тело беше пронајдено утринава, при ископ во Штип.

Информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи, од каде посочуваат дека телото на починатиот е дадено на обдукција.

-Денеска (22.02.2025) во 09.46 часот во СВР Штип било пријавено дека при вршење ископ при извршување градежни работи во круг на јавно општинско претпријатие било пронајдено тело на починато машко лице.

По преземени мерки, извршен увид и извршено препознавање, било констатирано дека станува збор за С.Д.(86) од Штип, кој беше пријавен за исчезнат на 15.08.2024.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде