Се рушат рекорди за оваа зима: Погледнете колку утрово е измерено во овој македонски град

Утрово најстудено било во Делчево, каде се измерени -14,2 степени целзиусови, а најтопло во Струмица -4 степени.

Најмногу снег има на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка изнесува 31 сантиметар. 

Како што информира УХМР, -13 се измерени во Берово, -11 степени се измерени во Маврови Анови, -10 Крива Паланка, -9 Демир Капија, Попова Шапка, Крушево, Скопје-Петровец, Велес, Куманово, -8 Тетово, Прилеп, Скопје-Зајчев Рид, -7 Кавадарци, Виница, Пожаране, Штип, -6 Гевгелија и -5 Охрид и Претор.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесувала 31 сантиметар во Попова Шапка и 8 сантиметри во Маврови Анови.

Времето денеска наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Скопје утрото студено, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде