Дојава за бомба во американски патнички авион

Авион на авиокомпанијата „Американ ерлајнс“, кој летал од Њујорк за Делхи во Индија, попладнево принудно слета на аеродромот „Фиумичино“ во Рим поради закана за бомба, јавуваат светските медиуми.

На снимка која се појави на социјалните мрежи, се гледа како патничкиот авион лета придружуван од два борбени авиони. Ова е стандардна процедура која се прави од безбедносни причини во вакви ситуации.

Сите служби на аеродромот во Рим беа во состојба на готовност, а авионот слетал безбедно, јавуваат медиумите.

„Безбедноста и сигурноста се наши врвни приоритети и им благодариме на нашите клиенти за разбирањето“, се вели во соопштението на авиокомпанијата.

Висок функционер информиран за ова прашање изјави за „Еј-би-си њуз“ дека заканата за бомба била примена по електронска пошта, но било утврдено дека е лажна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде