„Имав чувство дека го гуши средината во која живее. Секогаш ми велеше, бегај од овде, не си ти за тука“: Ориѓански се прости од својот голем пријател

Македонскиот композитор Златко Ориѓански се прости од својот колега и голем пријател Аљоша Исмаиловски – Аљо.

„Прекрасен човек, свиреше бас во Лева патика. Секогаш беше модерен, облечен по најнова мода, нетипично за провинција.

Одев како детиште кај него дома, да учам како се свири. Ке се сретневме на улица и онака од стоење, два часа ке зборуваме за музика и живот.

Имав чувство дека го гуши средината во која живее. Секогаш ми велеше, бегај од овде, не си ти за тука.

Аљо и Аријан Дема беа опасно добри свирачи и светски луѓе. Бог да ги прости“, напиша Ориѓански на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде