Почина познатата актерка – сите ќе ја паметат по оваа легендарна серија

Алис Хирсон, позната по улогата на мајката на Елен Деџенерис во популарната серија од 1990-тите „Елен“, како и улогата на Мејвис Андерсон во серијата „Далас“, починала на 95-годишна возраст.

Според информациите доставени до The Hollywood Reporter од нејзиниот син, Дејвид Хирсон, актерката починала од природна смрт на 14 февруари во Motion Picture & Television Country House and Hospital во Вудленд Хилс, Лос Анџелес, каде ја поминала последната година од својот живот.

Хирсон е родена на 10 март 1929 година во Њујорк, а својата актерска кариера ја започнала во 1960-тите, настапувајќи во неколку претстави.

Нејзината прва телевизиска улога била во „Starlight Theatre“ во 1951 година, а вистинското признание дошло дури во 1960-тите кога станала редовен телевизиски лик.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде