ТАЖНА ВЕСТ: Maкедонската музика загуби уште еден великан

Почина Аљоша Исмаиловски – Аљо, извонреден басист и дел од легендарните „Лева патика“.

Аљоша свиреше во повеќе македонски бендови меѓу кои и Чуден крој. Во „Лева Патика“ свиреше заедно со  Бошко Доневски – Чико (тапани), Драган Груевски – Груле (гитара), Гранит Таки (вокал) и Рамис Јусуфи – Цики (клавијатури).

„Лева Патика“ се прослави со единствениот албум „Патика“ и песната Неправда, која стана антологиски хит.

Албумот кој содржи десетина песни е издаден од загрепската куќа Сузи и е во продукција на Питер Мак Тагарт и Љубомир Бранѓолица.

Проштавањето со оваа урбана музичка легенда ќе се одржи утре, вторник, 25 февруари 2025 година, во 14:00 часот, во Капела бр. 1 на градските гробишта Бутел – Скопје.

„Почивај во мир, Аљо…”, напиша неговата сопруга Елена во емотивна објава на Фејсбук, пренесе Плусинфо.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде