Тешка сообраќајка, пет лица пренесени во болница

Тешка сообраќајка, пет лица пренесени во болница

Во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај селото Лознани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фолксваген голф“ управувано од А.М.(50) од Битола и возило „фолксваген пасат“ управуванo од И.С.(26) од Кичево.

Во несреќата со тешки повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола,

додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ – Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од село Староец, се здобиле со телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде