Четворица малолетници излетале со автомобилот од патот во близина на Американската амбасада во текот на ноќта, при што сите четири лица, вклучувајќи го и возачот се повредени.
Двајца од малолетните сопатници добиле потрешки повреди, додека другите двајца, меѓу кои и возачот поминале со полесни повреди.
Несреќата се случила ноќеска по три часот по полноќ.
Имено, како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во 3.30 минути во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Лазар Личеноски“ во Скопје, патничко возило „шевролет спарк“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17-годишен малолетник од Скопје, излетало надвор од коловозот.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал возилото и уште еден сопатник, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во билтенот на МВР.