Кристијан, синот на прегазениот пешак: Возачот избегал, го управувал возилото без дозвола

Синот на пешакот кој беше прегазен доцна синоќа објави дека возачот избегал и возилото го управувал без дозвола.

„Ова се случи вчера околу 23.30 часот каде што беше прегазен татко ми, пешак, па пренесен во државна болница. Без жал, ниту застанал, ниту ништо.

Избегал и го управувал возилото без возачка дозвола. Ова нема крај, ќе изгинеме како ништо во државава“, пишува синот на пешакот под објавата на „Скопје1“.

Инфорацијата дека возачот немал возачка дозвола, остана непотврдена од институциите.

Инаку, според информациите од МВР, возачот управувал возило „волво“ со кое удрил во семафор, па во пешакот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде