Силен земјотрес ја стресе Хрватска

Многу силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска.

Епицентарот на земјотресот бил на девет километри од Сисак на длабочина од девет километри.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

Граѓаните јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во поширокото подрачје на Сисак нешто пред 13 часот, а во делови од округот снемало струја.

Земјотресот е почувствуван во сите околни градови, се до Загреб.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде