Нашиот регион во наредните денови ќе биде под силно влијание на циклонот, кој ќе се движи по Јадранското Море. Овој циклон ќе донесе обилни врнежи од дожд на целото источно крајбрежје на Јадранот.
Денеска ќе пристигне облачноста, а ќе се засили јужниот ветер кој ќе крене високи бранови.
Во среда и четврток циклонот ќе се движи од северниот кон јужниот дел на Јадранот.
По целото јадранско крајбрежје од Словенија до Албанија и долж Јонското море во Албанија и Грција се очекуваат многу обилни врнежи од дожд, а ќе има и услови за појава на грмежи.
Се очекува да наврнат над 50 литри дожд, локално над 100 литри, а многу обилен и пороен дожд ќе наврне и во заднината на Јадранот.
Најмногу врнежи ќе има во северниот дел на Јадранот и во подножјето на Алпите на север и североисток од Италија, каде ќе наврнат над 300 литри дожд со опасност од поплави и порои.
Обилните врнежи ќе бидат придружени со налети на бурен јужен ветер со брзина од 80 км/ч, кој ќе крева многу високи бранови, високи над 5 метри.
Поради тоа, најобилни врнежи се очекуваат во јадранските и заднината, но дожд и врнежи ќе има во остатокот од Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.
