Важна информација за родителите: Доктор Лазаров сподели таблица за соодветно дозирање на парацетамол кај деца

Во екот на вирозите и сеознскиот грип кои често се пропратени со висока телесна температура, едно од најчестите прашања кои ги мачат родителите колкава доза на антипиретик е соодветна за возраста и тежината на детето. 

Доктор Ненад Лазаров со одговор. 

– Во период на пик на сезонски вирози, особено грипот годинава дава високи температури, сакам да ви обратам внимание на значењето на правилно и прецизно дозирање на парацетамол особено кај дечиња. Прецизно дозирање на парацетамол кај деца е важно за да се избегне предозирање од една страна и да се обезбеди ефикасност т.е регулирање на покачената температура, појаснува тој. 

– Непходно е да се истакне дека 1 милилитар помалку од соодветна доза може да значи дека нема да ја намалите соодветно покачената температура, кај бисоки фебрилности над 39 степени одете со максималната препорачана доза. Препорачаната доза е околу 10-15 мг/кг на телесна тежина, со максимум четири дози во 24 часа и минимум четири часа помеѓу дозите12, вели доктор Лазаров. 

За прецизност, се препорачува да се користи мерна лажичка или шприц за перорална употреба и да не се надминуваат препорачаните дози.

Повелете подолу таблица за увид, не се водете по возраст на детето туку по телесна тежина, порача познатиот доктор. 

Докторот советува да не се водите по возраста на детето туку по телесна тежина!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде