Регистриран земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер денеска ја погоди северна Индонезија, соопшти Индонезиската метеоролошка агенција.

Не е издадено предупредување за цунами, а властите не пријавиле повредени или материјална штета.

Земјотресот се случи во 06:55 часот по локално време во близина на брегот на островот Сулавеси.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,1 степени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област со голема сеизмичка и вулканска активност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде