Трагедија го потресе светот: Во несреќа загинаа најмалку 46 лица

Најмалку 49 лица загинаа кога судански воен авион се урна во градот Омдурман, соопштија денеска воените и здравствените власти.

Авионот Антонов се урна вчера по полетувањето од воената воздухопловна база Вади Саидна, северно од Омдурман, соопшти војската.

Воените власти соопштија дека во несреќата загинале војници и цивили, додека неименувани воени извори велат дека причината за несреќата најверојатно е технички проблем, пренесе Ројтерс.

Министерството за здравство додаде дека телата на починатите се пренесени во болницата Нау во Омдурман. Болницата примила и десет повредени цивили.

Министерството соопшти дека авионот се урнал во цивилна куќа во областа Карари во Омдурман.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде