Трагична вест го потресе светот: Се урна авион, екипажот и неколку офицери загинаа (ВИДЕО)

Судански воен авион денеска се урна во градот Омдурман, северно од главниот град Картум, а во инцидентот загинаа екипажот и неколку офицери на суданската армија, соопштија воени извори.

„Авион Антонов се урна над областа Ал-Харе во месноста Карари, северно од Омдурман, поради техничка грешка“, изјавил за Ксинхуа воен извор, кој сакал да остане анонимен.

Според овој извор, авионот бил во воена мисија, во кој имало неколку високи офицери заедно со екипаж од четири офицери.

Очевидец од областа Карари изјави за Ксинхуа дека „авионот летал на мала височина пред ненадејно да падне и да се запали“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде