Метеоаларм со најнова прогноза: Ладен бран ќе ја зафати нашата Македонија и ќе донесе дожд и снег – ЕВЕ КОГА

Метео прогноза на Славчо Попоски

Во недела на 2 март нашата територија повторно ќе биде зафатена од нов ладен и поголем влажен бран кој ќе услови пообилни врнежи кои во градовите ќе бидат претежно од дожд, додека на повисоките места и на планините (до околу 1000 метри надморска височина) врнежите ќе бидат од снег.

Снежната граница, особено во северните и во северозападните предели се очекува да се спушти и под 1000 метри, па така, појава на повремен снег во овие предели ќе има и во дел од повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, најизразен Долж Повардарието.

И во Скопскиот регион со овој ладен и влажен бран од север ќе има врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег.

Не се исклучува можноста послаби врнежи од снег во недела на 2 март да има и во дел од повисоките предели од котлината. Повремено и во Скопје ќе дува засилен ветер од северен правец.

Што се однесува до температурите, тие во недела на 2 март позначителнои ќе опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде