Доцна синоќа, на регионалниот пат Битола – Прилеп кај местото викано „Беровци“, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, се случи тешка сообраќајна несреќа во која неофицијално животот го загуби едно лице.
Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), поради несреќата, сообраќајот од 20:10 часот беше пренасочен по стариот пат што води од Битола кон Прилеп.
Надлежните служби веднаш интервенирале на местото на несреќата, а увидната екипа работи на утврдување на причините за трагедијата.
Сообраќајната полиција апелира до возачите да бидат претпазливи, особено на регионалните патишта каде што видливоста е намалена во вечерните часови.
На делницата каде што се случи несреќата имаше зголемено полициско присуство.