Дедо со нож уби двајца свои состанари во старечки дом, а рани трет  

Штитеник на дом за стари лица во градот Дентергем во западниот дел на белгискиот регион Фландрија со нож нападна тројца свои состанари, убивајќи двајца од нив и нанесувајќи му сериозни повреди на трет. 

Градоначалникот на Дентергем, Кунрад Дегроуте, кој утрово го посети домот, изјави дека при овој „шокантен настан“,

две лица починале на самото место, додека третото е во критична состојба и е преносно во болница. 

Како што јави белгиската државна телевизија ВРТ случајот бил забележан од негувателите во домот во текот на ноќта, кои веднаш ја известиле полицијата и повикале брза помош. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде