Младо момче со автомобил прегази пешак, со тешки повреди префрлен е во болница

Несреќа се случи вчера околу 13 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово.

Дваесет и двегодишниот Ќ. С. од Липково со „мерцедес“ удрил во пешакот Т. Д. (91) од Куманово.

Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, констатирани во Општата болница во Куманово, велат од МВР.

Извршен е увид.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде