Популарниот пејач Спасен Сиљаноски им се обрати на своите обожаватели од болнички кревет, откако успешно помина низ медицинска интервенција.
Тој сподели видео на своите социјални мрежи, во кое со насмевка и позитивен дух порача:
„И во неубави моменти човек треба да е оптимист и позитивен. Така се се пребродува!“
Со оваа порака, Сиљаноски уште еднаш покажа дека и во тешките моменти останува верен на својот ведар дух и неизмерна енергија.
Неговите фанови веднаш го преплавија со пораки за брзо закрепнување, испраќајќи му поддршка и желби за што поскоро враќање на сцената.
Пејачот, познат по својот уникатен стил и харизма, докажа дека ниту болничката соба не може да му ја одземе насмевката и оптимизмот.